Лавров претседаваше со седницата на СБ на ОН. Кина упати силна порака!

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и голем број западни дипломати го критикуваа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој вчера претседаваше со седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Loading...

Тие ја обвинија Москва дека ја прекршила Повелбата на ОН со инвазијата на Украина и окупирањето на дел од територијата на таа земја.

Лавров ги бранеше постапките на руското раководство и ги обвини САД и нивните западни сојузници дека ја поткопуваат светската дипломатија и „основите на Обединетите нации“, кои, како што рече, „се создадени за да се спречи третата светска војна“.

Гутереш повика на соработка на 193-те членки на ОН и го предупреди Советот за безбедност дека „глобалната соработка е под најголем притисок од создавањето на ОН за пепелта од Втората светска војна“.

Тензиите меѓу големите светски сили се „историски високи“, како и ризикот од конфликт, изјави генералниот секретар на ОН, мислејќи на војната во Украина.

Сериозно предупредување од Пекинг

На состанокот на Советот за безбедност, генералниот секретар на ОН и амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција и нивните сојузници, пак, го истакнаа основниот принцип на Повелбата на ОН, кој бара од сите членки да го поддржат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независност на сите членки на ОН.

Западните дипломати истакнаа дека Русија ги прекршила сите три принципи со инвазијата на Украина и илегално анексија на нејзините територии.

Сериозно предупредување испрати и официјален Пекинг.

Loading...

„Светот се наоѓа на историска пресвртница“, рече кинескиот амбасадор Џанг Џун на состанокот на Советот за безбедност.

„Човештвото се соочува со невидени глобални предизвици. Хегемонијата и малтретирањето на другите предизвикуваат огромна штета на светот. Политиката создава огромни поделби и конфронтации. Никогаш не било поважно и поитно да се зачуваат вредностите на Повелбата на ОН“, рече Џун.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.