Лавров: Народите во БиХ сами треба да одлучат

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, ја повтори поддршката на Русија на Дејтонскиот договор истакнувајќи оти народите во БиХ треба сами да одлучат.

Loading...

– Русија смета дека канцеларијата на Високиот претставник треба да се затвори, посочи Лавров.

Поради таквиот став на Русија двата други членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ ја бјкотираа средбата со Лавров.

Лавров на средбата со Турковиќ истакна дека е неопходно усогласување на проектите и договорите што се однесуваат на инвестициите и странските вложувања, културната соработка и друго.

– Се договоривме да ја подобриме нашата трговска размена, што е забавена поради коронавирусот. Мислиме дека е неопходно и потребно посилно да работиме во рамките на Комисијата за трговија и економска соработка. Многу ни е мило дека во БиХ функционираат нашите проекти, како „Газпром“, „Сбербанк“, посочи Лавров.

Марина Илиевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *