Лавров изнесе услови за крај на војната: „Исполнете ги за свое добро“

Сподели со своите пријатели

Предлозите на Москва за решавање на проблемите во Украина му се добро познати на Киев, а Украина или ќе ги исполни за свое добро или за тоа ќе одлучи руската армија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за агенцијата Тасс.

„Нашите предлози за демилитаризација и денацификација на териториите под контрола на режимот, отстранување на заканите за безбедноста на Русија кои доаѓаат од таму, вклучително и нашите нови територии, му се добро познати на непријателот. Значењето е едноставно. Следете ги за ваше добро. Во спротивно, за прашањето ќе одлучува руската армија“, изјави Лавров во понеделникот вечерта, цитирана од државната новинска агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белорусија ги отвора вратите за Америка додека вежба со Путин?

Официјална Москва својата инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција“ за „демилитаризација“ и „деназификација“ на својот сосед. Киев и неговите западни сојузници тоа го нарекуваат агресија во империјален стил чија цел е заземање на земјата, потсетува Ројтерс.

„Топката е во дворот на режимот“

Во септември, Москва објави анексија на четири украински провинции – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, откако одржа референдум што Киев и неговите сојузници го отфрлија како лажен и незаконски.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но дека Киев и неговите западни поддржувачи ги отфрлија преговорите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русите претрпеа големи загуби, ослободивме седум населби

И Киев и Вашингтон оценуваат дека Русија не сака преговори, додека Москва не одговара на украинските предуслови, кои вклучуваат целосно повлекување на руските војници од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година.

Лавров изјави за Тас дека кога станува збор за тоа колку долго ќе трае конфликтот, „топката е во дворот на режимот, а Вашингтон стои зад неа“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.