Лајен: Профитот од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Loading...

„Време е да започнеме разговор за користење на неочекуваните профити од замрзнатите руски средства за заедничко купување на воена опрема за Украина“, рече Лејен во Европскиот парламент, пренесе Ројтерс.

Таа во својот говор ја повика ЕУ да направи повеќе за одбранбената политика и најави презентација на првата европска индустриска стратегија за одбрана во наредните денови, пренесува Анса.

„Во срцето на одбранбената стратегија „мора да постои едноставен принцип: Европа мора да троши повеќе, подобро, да троши на европски начин“, нагласи Лејен.

Претседателката на Европската комисија рече и дека една од главните цели ќе биде приоритетот на заедничките набавки во одбранбениот сектор.

„Исто како што направивме со вакцините или природниот гас“, објави Лајен во Европскиот парламент.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.