Ладниот туш го јакне имунитетот, а косата и кожата ги прави поубави

Сподели со своите пријатели

Кога последен пат се истушивте со ладна вода? Веројатно кога вашите домашни ја потрошиле целата топла вода.

Loading...

Но, време е тоа да ви стане навика, бидејќи туширањето во ладна вода е многу здраво.

Зошто не треба да се туширате пред првиот дејт?

Доказите од историјата укажуваат дека античките Грци и Римјани биле љубители на ладната бања, а денешните експерти исто така укажуваат на неговите придобивки.

– Ефектите од ладен туш имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларните, респираторните и мускулно-скелетни системи. Студената вода ни дава посилен имунитет, го подобрува менталното здравје, го зајакнува метаболизмот и потенцијално согорува кафени масти кои согоруваат калории во форма на топлина, а исто така може да ве направат поубави – вели Абигеил Рикард, лекарка и вонреден професор на Универзитетот Гринич.

Што се случува со вашето тело кога не се туширате редовно?

Првото нешто што ќе забележите кога ќе се истуширате со ладна вода е ненадејниот порив да дишете длабоко, објаснува д-р Рикард, додавајќи дека и покрај почетниот шок, срцевиот ритам ќе започне да забавува.

– Во тој момент имате многу крв во центарот на вашето тело затоа што ослободува многу кислород што значи дека мозокот, срцето и белите дробови работат добро – објаснува таа.

Loading...

Овие ефекти го прават ладниот туш идеален ако се обидете да се разбудите наутро.

Како да ја спречите иритацијата на кожата по депилацијата?

Исто така, туширањето со ладна вода ги затвора порите на вашата кожа, со што кутикулите на вашата коса се исправени, а вашата коса изгледа сјајна и здрава.

Поради сите овие придобивки за вашето тело, обидете се барем повремено да се туширате со ладна вода. Направете си услуга на телото, зајакнете го вашето здравје и заштедете пари во сметката за електрична енергија, пренесува HuffPost.

Leave a Reply