Како да ја спречите иритацијата на кожата по депилацијата?

Сподели со своите пријатели

Ако секогаш по депилацијата имат епроблеми со воспалена кожа, мозолчиња и влакна кои зараснуваат, би требало да ги промените навиките. Дури и ако ова ви се случува „откако знаете за себе“, тоа не значи дека мора да се помирите со тие ситни непријатности секогаш кога ќе се депилирате.

Loading...

Депилацијата со восок е многу ефикасна метода за отстранување на несаканите влакна, но го отстранува и површинскиот слој на кожата, оставајќи ги порите отворени, така што често доаѓа до појава на мозолчиња и црвенило.

Тоа можете да го избегнете така што ќе го промените режимот на нега.

Пред депилацијата, направете благ пилинг на телото, така што ќе ја намалите веројатноста дека мртвите клетки на кожата ќе завршат во порите. Исто така, ако кожата ви е почувствителна, планирајте ја депилацијата така да можете веднаш потоа да се туширате. Не продолжувајте на кафе или во шопинг.

Отстранувањето на срамните влакна може да биде ризично, предупредуваат научниците

По туширањето, избегнувајте парфемирани лосиони за тело барем ден-два по депилацијата.

Ако забележите дека кожата во некои делови ви е поцрвена, можете да ставите некоја крема на база на хидрокортизон, која ќе ги спречи воспалителните процеси.

По депилацијата, во текот на следните 48 часа, избегнувајте потење и не носете тесна облека, а гардеробата нека биде од природни материјали, најдобро памучна.

Loading...

Кога кожата ќе се смири, можете да започнете да применувате благ пилинг, што ќе спречи зараснување на влакната.

Leave a Reply