Зошто не треба да се туширате пред првиот дејт?

Сподели со своите пријатели

Вечерва имате љубовен состанок и сакате да се покажете во најдобро светло? Секако, поголемиот дел од жените ќе потрошат цело попладне за подготовки и дотерување, но еден дел од тој ритуал пред првиот дејт треба да се изостави.

Многу е логично дека сакате да се чувстувате пријатно во својата кожа на првиот дејт. Поради тоа многумина претходно минуваат часови во бањата, ја мијат косата и се тушираат. Меѓутоа, за успешен дејт би било најдобро да се прескокне капењето.

Секој од нас има свој специфичен мирис кој кај другата страна предизвикува позитивна или негативна реакција. И тоа е добро, затоа што така несвесно можеме да препознаеме дали некој ни одговара или не. Потта ја лачат хормоните, сексуалните трансмитери. Тие влијаат на изборот на партнерот и на тоа кој може да не „намириса“, а кој не.

 

Loading...

 

Ако пред состанокот се капете, со гел за туширање ќе ги отстраните и природните мириси. Ако на тоа додадете и парфем, целосно го менувате својот мирис. Тоа можеби ќе допред до лицето со кое сте на дејтот, но така ќе избегнете и можност да пронајдете генетски соодветен партнер.

Секако не треба да одите на дејт смрдливи, испотени и со масна коса. Ако морате да се туширате пред излегување, тоа направее го со производи без мириси. Уште подобро туширајте се наутро или измијте ја косата ден пред дејтот. Така ќе го задржите природниот мирис.

Leave a Reply