Лабрадорот Попи ги насетува епилептичните напади на својата сопственичка (видео)

Сподели со своите пријатели

Куче од расата Лабрадор по име Попи, може да насети кога неговата сопственичка Шанон Лок (23) ќе добие опасен епилептичен напад. Двегодишната женка ги збунува и научниците кои не можат да објаснат како таа знае кога ќе се случи нешто со неговата сопственичка, и така стана хит на социјалните мрежи.

Loading...

Шанон ја снимила Попи во акција минатата седмица, и снимката ја поставила на интернет како доказ за моќта на кучето.

– Добивам епилептични напади неколкупати седмично. Нападите може да бидат многу сериозни и фатални. Заболев од епилепсија кога имав 17 години. Добивав напади пет или шест пати дневно. Не можев да одам надвор од куќата. И тогаш дојде Попи, мојот спас, вели Шанон и додава како ја открила неверојатната моќ на своето куче.

Попи еден ден се однесувала чудно. Доаѓала во прегратки на Шанон и по неколкупати на ден, целата забрефтана. Првин не насетував ништо чудно, но подоцна сфатив дека таа се обидува да ме предупреди дека нешто не е во ред.

Кучето станува вознемирено 15 до 20 минути пред нападот, а кога ќе настапи, Попи и помага на сопственичката да го преброди тоа што е можно побезболно.

 Pas upozorava vlasnicu da će dobiti epileptični napad, pa joj pomaže

Ако лежам на грб, таа ми ги чисти дишните патишта за да не се задушам. На никој не му е јасно како Попи го насетува тоа. Таа не само што е мој најдобар пријател, туку е и мој спасител, вели Шанон.

Способнстите на Попи се дел од проучувањето на Универзитетот Квин во Белфаст, како дел од пионерските студии за тоа како кучињата може да се користат како помош на заболените од епилепсија во болниците ширум светот.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.