Кутија со бакнежи

Сподели со своите пријатели

Честопати го истураме бесот врз своите најблиски, потоа се каеме што сме ги повредиле.

Loading...

Едно семејство било во многу тешка финансиска ситуација. Се ближеле празниците, а таткото забележал дека неговата ќерка ја потрошила целата украсна хартија за подароци. Нервозно почнал да вика по малото девојче.

Наредниот ден девојчето му донело подарок на својот татко, завиткан во украсната хартија. Таткото ја наведнал главата поради својата претходна реакција. Но, кога ја отворил кутијата, забележал дека во неа нема ништо. Се свртел кон девојчето и почнал да вика: „Зарем не знаеш дека кога даваш подарок внатре треба да има нешто?“

На ова девојчето возвратило: „Па тато, тоа не е празна кутија. Нели гледаш колку бакнежи имам ставено во неа?“. Таткото се засрамил од своите постапки. Неговата малечка ќерка, која едвај имала 5 години, знаела повеќе за вистинските вредности во животот од него самиот.

Image by Bob Dmyt from Pixabay

Leave a Reply