Курдите соборија турски авион?

Сподели со своите пријатели

Курдската народна милиција тврди дека нивната граната погодила турски авион кој го бомбардирал Африн. Турскиот Генералштаб објави дека сите авиони кои учествувале во денешните операции се вратиле во своите бази.

– За време на борбите на подрачјето ба Билбил, село Шејх Роз, погоден е турски авион, изјавил за „Спутник“ претставникот на штабот на Народната милиција во Африн.

Според неговите зборови, Курдите виделе како авионот е погоден и чадел. Во овој момент тие се обидуваат да одредат дали паднал или се вратил на турска територија.

 

Loading...

 

Претходно Генералштабот на вооружените сили на Турција соопшти дека Военото воздухопловство за време на операциите во сириски Африн било погодено од 47 цели на терористичките организации. Во операцијата учествувале 27 авиони, сите се вратиле во базата, стои во соопштението на турскиот воен ресор.

Генералштабот на вооружените  сили на Трција на 20. јануари објави почеток на операцијата „Маслинови гранчиња“ против формирањето на Курдистан во сириски Африн.

Премиерот Бинали Јилдирим изјави дека минатата недела за почетокот на копнени операции во Африн. Истовремено со Турција соработуваат и припадниците на Сириската ослободителна армија.