Курдите пуштени сами низ вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сирискиот заменик министер за надворешни работи, Феисал Макдад, денеска ги нападна курдските сили.

Loading...

Тој рече дека тие ја предале својата земја.

Ги обвини за нивниот сепаратистички план што служи на Турција како оправдување за нарушување на суверенитетот на неговата земја.

Запрашан дали Дамаск треба да продолжи со дијалогот со курдските сили, нападнати од Турција, за да ги протера од североисточна Сирија, Макдад рече дека тие вооружени групи ја изневериле својата земја и извршиле злосторства против неа, пренесе Ројтерс.

„Ние нема да прифатиме никаков дијалог или разговор со оние кои станаа заложници на странски сили… Нема да има упориште за агентите од Вашингтон на сириска територија“, рече Макдад пред новинарите во Дамаск.

https://youtu.be/W2JmJ3aPKs4

Leave a Reply