Купиле кукла за својата ќерка, а во неа пронашле 5.000 таблети

Сподели со своите пријатели

Семејство од Аризона се изненадило кога во плишаната играчка што ја купиле на детето, откриле повеќе од 5.000 апчиња од лекот фентанил.

Loading...

Полицијата во Феникс изјавила дека родителите на девојчето, за кое била наменета куклата Гло Ворм, купиле играчка во продавница во Ел Мираж, Аризона, објави NBC News.

Веднаш штом семејството ги пронашло апчињата, тие повикале полиција и ја предале куклата на истражителите кои ќе се обидат да утврдат како 5000 таблети фентанил завршиле во неа.

 

 

Фентанил е синтетичка дрога, која често се меша со други опасни дроги, како хероин или кокаин, кои предизвикуваат состојби слични на еуфоријата, се вели во соопштението на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Бројот на смртни случаи предизвикани од синтетички опијати се зголемил за 16 проценти помеѓу 2018 и 2019 година, додава CDC.

Loading...

Ова не е прв пат да се најдат нелегални и опасни лекови во детски кукли. Така, во 2015 година, една жена му купила на детето рачно изработена кукла вредна 500 долари, која била полна со кокаин.

Leave a Reply