Купил половен кауч, а во него пронашол цело богатство

Сподели со своите пријатели

Купувате кауч за 4.000 денари, па во него пронаоѓаш вистинското богатство!

Loading...

Звучи лудо, но токму тоа се случило на еден човек од Мичиген кој нашол дури 43.000 американски долари во користениот каучот што го платил само 35 долари.

Во една продавница во Овос, Хауард Кирби купил користен тросед и не се сомневал дека вистинското богатство е во перниците.

Кога се вратил дома, сфатил дека наишол на огромна сума пари. Меѓутоа, наместо да ги зачува парите, Хауард се вратил во продавницата и побарал пронајдената залиха да му се врати на сопственикот.

– Сигурно и нему му требаат пари. Би можел доста работи да среди во животот, но тој рече дека слушнал глас од Бога што му кажувал дека парите не му припаѓаат и тој вратил сè – изјавил продавачот во продавницата кој го продал каучот на Кирби.

Тие веднаш договориле средба со првичниот сопственик на каучот од продавницата и Кирби се сретнал со нив во четвртокот за да им ги врати парите.

– Се јавивме во семејството и им рековме дека човекот што го купил нивниот кауч пронашол нешто за што сигурно би сакал да се врати. Тие беа во шок – објасни продавачот.

Се испостави дека троседот припаѓал на дедо кој починал минатата година. Никој не знаел дека дедото криел пари внатре.

Loading...

Семејството прво помислило дека Кирби пронашол неколку фотографии, па се согласиле да го запознаат, немале идеја дека се работи за пари.

Leave a Reply