Кумот пристигнал на венчавка, па сфатил дека всушност тоа е негова свадба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необичната приказна доаѓа од Британија, каде долгогодишната партнерка  на Пол Сопронија одлучи да го изненади на оригинален начин.

Loading...

Британецот Пол Сопрони со години бара од својата девојка, Алиша Пилава од Велс, да се омажи за него, но таа никогаш не му одговорила „да“ додека не одлучила  да му приреди изненадување за паметење  не само во Обединетото Кралство, туку и во целиот свет.

Имено, таа одлучи да го изненади долгогодишниот партнер, договарајќи се со двајца пријатели да се преправаат дека се венчаат и да побараат од Пол да им биде кум. Тој, се разбира, веднаш се согласил и се друго минало без проблеми.

На денот на венчавката, Пол се појавил  во свечен костум и застанал пред свештеникот на местото каде што требашло да стои кумот, но тогаш наводната идна сопруга на неговиот пријател не се појави на вратата од салата, туку Алиша. Во рацете држела микрофон и бидермаер и ја пеела нивната омилена песна, а потоа се спуштила на колена пред Пол и го запросила.

 

 

Веселиот Британец не можел да ја сокрие среќата, го прегрнал својот пријател, додека во очите му се појавиле солзи, но потоа се сврте кон жената и грубо и саркастично и рекол: „Не, бегај“.

Loading...

Целата сала била во  смеа, проследена со аплауз од ентузијазам. На сите им било јасно дека Пол се шегува.

-Последните две години тој ме бараше да се венчам околу 30 пати на ден – изјави Алиша објаснувајќи зошто одлучила да го направи трикот.

– Бев во брак двапати и малку се двоумев да го повторам сето тоа, но Пол заслужи да биде среќен – истакна таа