Кумановските пожарникари во изминатите 24 часа интервенирале три пати

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во изминатото деноноќие вработените во Територијалната против пожарна единица Куманово имале четири интервенции и тоа:

Loading...
  • Во период од 10:20 до 11 часот 3 пожарникари со 1 возило интервенирале на гаснење сува трева во населбата Перо Чичо.
  • Во период од 12:05 до 14:15 часот интервенирале на 5 хектари запалено стрниште во с.Романовце. Во локализирање на огнот учествувале 4 пожарникари со 1 против пожарно возило.
  • Во период од 15:10 до 16.35 часот интервенирале на опожарена сува трева со површина од 2000 М2 во с.Новосељане. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 пожарникари со 1 ПП возило.

Од пожарите има само незначителна минимална штета.