Кумановските пожарникари вчера со три интервенции

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари вчера бележат три интервенции во доменот на гаснење пожари на отворен простор.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 17:00 до 17:25 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева во месноста Прмакови ниви.

Втората интервенција била исто така на запалена сува трева, но овој пат во месноста Стари лозја каде во период од 17:40 до 18:50 часот интервенирале тројца пожарникари.

На булеварот „Октомвриска револуција“ се запалило патничко моторно возило при што интервенирале четворица пожарникари во период од 02:25 до 02:50 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply