Кумановските пожарникари вчера со полни раце работа

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица во текот на вчерашниот ден бележат три интервенции, од кои една поголема, информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува треба на улицата „4ти Јули“ во период од 12:50 до 14 часот.

Втората интервенција ја имале само неколку часа подоцна, поточно во 16:20 часот кога интервенирале е на запалена бандера кај место викано Стара кланица со едно противпожарно возило и три пожарникари, причина за пожарот е непознатa.

Loading...

Третата интервенција е на запалено ѓубриштето на депонијата „Краста“ лоцирана во село Пчиња, каде веќе неколку дена гори запален смет. Во текот на денот во перод од 08:50 до 19:00 часот, во гаснењето учествувале седум противпожарни возила.