Кумановските пожарникари со три интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат три интервенции, на запалена штала, но и на запалена сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Никуштак се запалила штала, каде четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 16:40 до 22:45 часот. Други четири возила постојано вршеле дотур на вода.

Интервенција кумановските пожарникари бележат и на запалена сува трева во месноста Стари лозја, каде во период од 21:30 до 22:05 интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева горела и во атарот на селото Ваксинце, каде тројца пожарникари го гаснеле огнот во период од 21:10 до 23:20 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply