Кумановските пожарникари со три интервенции изминатите 24 часа

Сподели со своите пријатели

Три интервенции регистрира Територијалната противпожарна единица Куманово во изминатите 24 часа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 14:15 часот двајца пожарникари гаснеле запален контејнер на улицата „Доне Божинов“, интервенција која траела до 14:50 часот.

Во атарот на селото Орашац во период од 15:50 до 17:10 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева, додека во атарот на селото Речица освен трева, горела и трска. Таму пожарникарите интервенирале во период од 17:10 до 17:50 часот.

Leave a Reply