Кумановските пожарникари со две интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат две интервенции и тоа на опожарено стрниште и сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во атарот на селото Ваксинце каде горело стрниште. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 14:45 до 16:55 часот.

Во атарот на селото Старо Нагоричане горело стрниште и сува трева. Таму на помош на своите колеги, заминале тројца пожарникари од ТППЕ Куманово, кои интервенирале во период од 17:10 до 18:50 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply