Кумановските пожарникари со четири интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Изминатото деноноќие припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат четири интервенции во доменот на својата работа, од кои сите биле за гаснење опожарена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата била во период од 11:55 до 13:00 часот кога тројца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле сува трева во селото Оризаре.

Од 13:00 до 16:20 часот сува запалена сува трева тројца пожарникари гаснеле во атарот на селото Косматац.

Сува трева горела и на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово во период од 11:55 до 16:45, додека пак во период од 17:15 до 17;45 интервенирале на улицата „Јоско Илиевски“.

 

Loading...