Кумановските пожарникари, лекари и полицајци во акција (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во кругот на ТППЕ Куманово денеска се одржа показна вежба на која учествуваа полицијата, брзата помош, пожарникарите и активистите на Црвениот крст – Куманово.

 

Loading...

 

Стануваше збор за симулативна вежба на пожар во кој неколку лица се здобија со повреди, при што требаше да реагираат надлежните институции.

 

 

Вежбата е во рамките на програмата за отворен ден за граѓаните на Куманово, под насловот „Заедно со граѓаните“. Истата беше во организација на локалната самоуправа и советот за превенција на град Куманово, а во пресрет на утрешниот празник Денот на независноста.

„Денеска ќе видиме и опрема, средства со кои располагаат инситуциите, но и ќе можеме да кажеме дека безбедноста во Куманово зависи и од граѓаните и од инситуциите ќе видиме показни вежби каде граѓаните ќе ја видат соработката на инситуциите во куманово. Сакам да порачам во мое и во име на советот дека преку свои лични примери треба да делуваме, преку идеи да ги доставуваме заедднос о граѓаните за да имаме општество кое заеднички ќе го градиме“ – изјави Александар Арсиќ, претседател на Советот на Општина Куманово.

 

Loading...

 

Дел од вежбата беа и вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово кои изложија и опрема и возила со кои располагаат. Како што потенцираше комадирот Деан Илиевски, целта е да се покаже дека овие служби се тука за граѓаните.

„Овие служби не се само репресивни туку се за граѓаните и можат да се обратат во секое време и за што било кај нас отворени сме 24 часа, ќе има демонстрација на показна вежба каде ќе се земат учество доброволци од доброволното противпожарно друштво Перо Чичо, Територијалната противпожарна, волнтери од Црвен крст и екипа од СВР Куманово“ – вели Илиевски.

 

 

Според Виолета Богдановска, началник на Секторот за превенција при СВР Куманово целта е да се покаже дека со заедничка работа Куманово може да биде дом и заедница за сите.

„Преку денешниот настан сакаме уште еднаш да им порачаме на граѓаните дека се многу важен фактор во секојдневното работење на инситуциите кои денеска овде ќе се претстават и многу е важна граѓанска совесност, во сорабтока, споделување на информации и навремено јавување и пријавување на сите настани што се случуваат на нашето подрачје за да имаме што поголема безбедност. Граѓанинот во пресред на 8-ми септември Денот на независноста на Македонија во пресред на еден голем ден за државата уште еднаш заеднички да покажеме дека Куманово може да биде дом и заедница за сите ако сите си го најдеме своето место и дадеме свој придонес во градење на безбедноста, довербата и комуникацијата на ова наше подрачје“ – вели Богдановска.

 

Вежбата традиционално се организира секоја година во пресрет на „8ми Септември“ а од неа беа дел и учениците од срендите училишта кои ја набљудуваа акцијата на службите.