Кумановските кошаркари претрпеа пораз од Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Во натпреварите од третото коло во домашното кошаркарско првенство, на одиграниот натпревар во Скопје, Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи славеше со 90:83 на домашен терен против Куманово, кој минатото коло го совлада шампионотои МЗТ Скопје.

Loading...

Натпреварот помина во сосема неизвесна и драматична атмосфера. Двете екипи цело време го менуваа водството во првата четвртина со резултат 18:24 за КК Куманово,  при што тимот од Скопје со резултат 46:42 на првото полувреме, успеа да ја задржи предноста до самиот крај.

Дарко Кнежевиќ со 19 поени и осум скока беше најдобар кај домаќините, Казарновски додаде 15, додека Болтиќ реализираше 13 поени и девет скока. Кај Куманово најдобар беше Урош Луковиќ со 25 поени и 15 скока.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.