Кумановските гимназијалци ги освоија првите три места на државниот натпревар по руски јазик (фото)

Сподели со своите пријатели

Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ дома заминаа со првите три места од државниот натпревар по руски јазик кој секоја година се одржува во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

 

Loading...

12985619_1337925719556918_7756528970003586612_n

 

Под менторска палка на професорката Биљана Коцевска, првото место замина во рацете на Мартина Радевска, со второ место се закити Дамјан Ристевски, а високото трето место го освои Симона Коцевска.

 

13043619_1337925739556916_2800124274563493509_n

 

Учениците своето знаење го покажаа пред комисија од Руска амбасада и Филолошкиот факултет во состав: Алексеев Александр Евгењевич – прв секретар по култура, образование, наука и спорт; Лушин Михаил Михајлович – Аташе по образование и лекторите Пљасунова Надежда Јуриевна од МГУ Москва и Екатерина Терзијоска од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

13012703_1337925732890250_7372225605672027629_n

Loading...

 

За знаењата на учениците од гимназијата говори и фактот што веќе со години наназад првите три места доаѓаат во Куманово.

12998655_1337925929556897_8461822059628563313_n


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.