14.08.2019 15:04

Кумановскиот уметник Арсовски со изложба во Белград


Академскиот сликар Зоран Арсовски – Бабата од Куманово е првиот македонски академски ликовен уметник кој ќе реализира своја самостојна изложба во престижната „Галерија – Белградска тврдина” на Калемегдан во Белград.

Изложбата ќе биде отворена на 22 август во 18.00 часот и ќе трае до 10ти септември, а влезот за посетителите ќе биде слободен.

loading...

На изложбата ќе бидат претставени шеесетина дела работени во техниката акрил.

Изложбата го носи насловот „Тектонски пореметувања” тема која е актуелна за денешното време.

Проектот е избран од страна на стручното уметничко жири на Националната установа  „Галерија – Белградска тврдина” на годишниот конкурс за 2019 година. 

Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 год. во Куманово Р. Македонија. Дипломирал 2005 год. и Магистрирал 2007 год. на Националната Ликовна Академија во Софија насока Сликарство, во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа изложба ќе му биде осмо самостојно претставување пред пошироката јавност.

Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална Установа Центар за култура “Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство од областа на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии, дизајн и др.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments