Кумановскиот театар со богат репертоар и овој месец

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот народен театар и овој месец со богата програма за сите љубители на драмската уметност и за возрасните и за помалите.

Првата претстава во февруари ќе се одигра веќе во четврток, а станува збор за драмата „Жена од минатото“, според  текст на  Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ.

Темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи, неснаодливоста во ова време се доминантни во драмата „Жена од минатото“.

Во составот на актерската екипа се:Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.

Следната претстава на репертоарот е претставата „Зад кулисите“ која ќе се игра во петок на 5-ти февруари, а е споредтекст на  Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска.

Loading...

Претставата е комична драма на Мајкл Фрејн за еден театарски ансамбл, „собран“ и „составен“ да создаде профитабилна претстава, но нивните лични мотиви, љубовни врски, амбиции и фрустрации го водат овој обид во сè поизвесен крах.

Во составот на актерската екипа се: Мартин Лазаревски, Нина Максимова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ,  Антонио Пешевски,  Александра Пешевска, Александра Михајловска, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ, Новко Петрушевски, Надежда Булатовиќ, Добринка Петрушевска, Славко Костовски, Љубица Кузмановска, Стојче Митевски, Калина Бошковска, Стевчо Китановски, Слободанка Димовска.

Веќе кон крајот на месецот поточно на 25-ти ќе се игра и претставата „Идиоти“според едночинките на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ.

„Идиоти“ од Муза Павлова, која е на еден начин „мала но голема“ драма, добива во своето значење бидејќи во неа дејствијата престануваат да бидат „слики“  и „приказни“ од Запад или Исток, туку стануваат сеопшти и „своина“ на сите нас. Искуство без идејни, временски, идеолошки или какви било ограничувања.

Во составот на актерската екипа се: Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски, Марко Трајкови.

На репертоарот ќе се најде и претстава која ќе ги одушеви и најмладите љубители на драмската уметност, а станува збор за претставата „Пинокио“ на 255- и 26-ти февруари, според текст на Карло Колоди, а во режија на Бојана Краљевска.

Во составот на актерската екипа се: Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ, Љупчо Хаџи – Стојанов.

Сите претстави се играат со почеток од 20 часот, освен претставата „Пинокио“ која започнува во 10:30 и 13 часот, а влезот за студентите во четврток е бесплатен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.