Кумановскиот театар ќе ја игра „Секс и лаги“ во Струмица

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ ќе игра пред струмичани, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Гостувањето во Народниот театар „Антон Панов“-Струмица е закажано за 3 март со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20 часот.

„Секс и лаги„ е претстава која побуди огромен интерес во целата држава и актерите со задоволство ја изведуваат.

Претставата досега се играше во Штип, Гевгелија, Крива паланка, Неготино, Кавадарци и во петок се игра во Струмица.

Закажани се и други изведби во Македонија, а исто така претставата наскоро повторно ќе се игра и на сцената на Театар Куманово, односно во Центарот за култура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени две лица при обид за кражба во Куманово

Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Нина Максимова, Никица Јанковски, Жарко Јовановиќ и Анастасија Величковиќ.

Режијата е на Драгана Таневска, сценографија Крсто Богојевски, драматург Симона Тоскиќ и дизајн на постер Стефан Јакимовски.