Кумановскиот плоштад “Нова Југославија” блесна празнично (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, кумановскиот плоштад блесна со сиот свој сјај, и во идилична и светкава атмосфера, заедно со граѓаните ги одбројува последните денови од 2015 година.

[huge_it_gallery id=”263″]

Loading...

 

Новата елка ветена од ЈП Куманово паркинг блесна на плоштадот Нoва Југославија, додека старата ќе го краси градскиот кеј покрај бул. Октомвриска Револуција.

Ова година, кумановското Јавно претрпијатие најави дека ќе потроши 1,5 милиони денари за украсување на градот, а покрај плоштадот, празнично блеснаа и булеварите, улиците и градскиот кеј.

Куманово за разлика од минатите години, ова година нема да организира дочек на Новата година, но за своите граѓани ќе понуди целодневна Новогодишна забава на 30 декември.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.