Порталот Кумановски Муабети го проширува тимот. Имаме потреба од еден новинар или новинарка, вработен на најмалку една година кој ќе даде свој придонес во информирање на кумановската јавност со различни теми.
Што се бара?
Лицето треба да работи на теми и да ги следи настаните од Куманово и Македонија кои се од интерес претежно за кумановската јавност.
Се работи осум часа дневно, при што работното време ќе биде дефинирано во меѓусебен устен договор со менаџментот на Кумановски Муабети. Работното време е флексибилно, но по потреба се работи и повеќе од предвиденото кога станува збор за случувања кои се од голема важност за јавноста. Недела е неработен ден.
За почеток лицето ќе работи од дома.
Потребни квалификации и вештини
Задолжително лицето мора да биде со место на живеење во Куманово, да има над 18 години и да е невработено.
Работното искуство е пожелно, но не задолжително. Сите оние кои немаат работно искуство ќе минат низ процесот на обука за извршување на работните задачи.
Предност ќе имаат лица со завршено високо образование од сферата на новинарството или сродните општествени науки.
Работа во WordPress,
Работа на социјални мрежи: Инстаграм, Фејсбук, Јутуб,
Основни познавања на Photoshop и Adobe Premiere Pro,
Основни познавања во фотографија и работа со професионален фотоапарат.
Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски јазик;
Одлични познавања на српски и англиски јазик поради превод на текстови од категоријата занимливости.
Сите кандидати кои ги исполнуваат потребните услови, може да се пријават на овој повик со испраќање на своја кратка биографија (CV), на [email protected], со назнака „Апликација за Новинар во Кумановски Муабети“.
Рокот за пријавување е до 31 декември 2020 година. Кандидатите кои ќе бидат избрани врз основа на испратените CV-a ќе бидат повикани на дополнително интервју кон почетокот на јануари.