Кумановската полиција во акција против неколку крадци

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела СВР Куманово превзема мерки и реализираше повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.

Loading...

Како што информираат од кумановската полиција, на 12.02.2020, врз основа на судска нредба, извршен е претрес во домот на лицето Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење.

– Од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки, велат од СВР Куманово.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16-годишникот во присуство на неговата мајка.

Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство, повеќе прибори за јадење и повеќе други предмети за домаќинство.

По целосно документирање и расчистување на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски

Leave a Reply