Кумановската полиција викендов казнила над 180 возачи

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција викендов изрекла казни на вкупно 183 возачи, најголем дел поради пребрзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 183 возачи, информираат од полицијата.

Од вкупниот број казни, најмногу или 164, биле поради управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 10 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 7 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Се враќа утринскиот минус!

Сообраќајните контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски