28.05.2019 08:49

Кумановската поетеса Сања Атанасовска на книжевна резиденција во Цетиње


Поетесата Сања Атанасовска од Куманово во април беше на книжевна резиденција во црногорскиот град, Цетиње. Таму таа работеше на нов поетски ракопис,  но имаше и поетски читања во училиштата во Цетиње.

Со својата поезија се претстави пред основци, но и пред средношколци. Читаше песни од своите збирки „Писмото на десетте прсти“, „Тапија од животот“ и „Стаклена градина“. Со учениците имаше можност да зборува и за општествено – политичкото живеење во двете земји, Македонија и Црна Гора, културата, процесот на пишување, и слично.

loading...

45 филмови на првиот „ФИЛМАЈ“ фестивал во Куманово

„Во училиштата бев топло примена, се сретнав со ученици од различна возраст и пред нив се презентирав себе си и својата книжевна работа. Читавме поезија, истата ја анализиравме заедно со професорите по црногорски јазик, разговаравме за процесот на пишување, опсегот на теми. Имав можност да се запознам и со преведувач кој преведувал дела од македонски на црногорски јазик. Цетиње е навистина прекрасен и инспиративен град и ќе ми остане во едно убаво сеќавање“ – вели Атанасовска.

Дел од песните кои се напишани во текот на престојот во Цетиње, вклучуваат и мотиви од самиот град, неговата архитектура, но и феноменот на „цетињски дождови“. Во текот на престојот, Атанасовска имаше можност да се запознае со богатата историја која ја има градот Цетиње, но и со локални автори.

Кумановскиот театар со награда за најхумористична претстава се врати од Бугарија (ФОТО)

Резиденцијата се реализира со помош на издавачката куќа Отворен културен форум oд Цетиње и меѓународната мрежа за промоција на книжевност и книга ТРАДУКИ.  Оваа година освен Сања Атанасовска, гости во Цетиње беа и Хаџем  Хајдаревиќ од Сараево и Бојан Кривокапиќ од Нови Сад.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments