27.05.2019 10:49

45 филмови на првиот „ФИЛМАЈ“ фестивал во Куманово


Вкупно 45 филмови од Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД се јавиле на конкурсот на првиот Меѓународен фестивал за краток филм „Филмај“ која годинава се одржува во Куманово.

На 29ти мај со почеток во 19:30 часот во Занаетчискиот дом ќе бидат прикажени наградените и додатно издвоени филмови, а ќе бидат доделни и наградите, информираат од Фото-кино клуб „Козјак“ кои се организатори на фестивалот.

loading...

Трочленото жири составено од Ивица Димитријевиќ (актер, режисер), Мартин Иванов (монтажер, режисер) и Денковски Драган (почесен член на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово) ги додели следниве признанија:

– награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија на Ото Ројшел (Otto Reuschel) за филмот `Риски` (`RISKI`)

–  награда `Радислав Ристевски` за најдобра кинематографија за Росен Савков за филмот `Тими` (`Timmy`)

– награда `Козјак` за најдобро сценарио за Лидија Мојсовска за `Награда` (`Тhe Award`).

– Додатни дипломи за особено признание е одлучено да се доделат на следниве филмови: „ХАКИЕ – ХАКИ“,  „Живеејќи како маж“ на Анабела Ангеловска, „Запирка“ на Сезер Салихи, „Мишко“ на Ханис Багашов, и „Заб“ на Ајдин Ислами, информираат од организацијата..

Сите горенаведени седум филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер на 29 мај 2019 година. Влезот ќе биде слободен за сите посетители.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments