Куманово жали за изгубениот живот на својата сограѓанка

Сподели со своите пријатели

Жаклина Божиновска, родена 1973 година од Куманово е една од жртвите која трагично го загуби животот на скопската обиколница, враќајќи се од Охрид кон Куманово заедно со семејството на својот брат.

Нејзиното име се најде на листата на вкупно 21 лице кои загинаа трагично во саботните поплави кои го зафатија скопскиот регион и селата кои гравитираат во подножјето на Скопска Црна Гора.

Божиновска е сопруга и мајка, и беше вработена во Јавното претпријатие “Чистота и зеленило”.

Погребот на трагично загинатата кумановчанка не е закажан се уште.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.