Куманово вечерва по петти пат на протест

Сподели со своите пријатели

По петти пат вечерва граѓаните на Куманово ќе протестираат низ централното градско подрачје со цел да го искажат револтот од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболицира политички криминалци.

Барањата се веќе познати, а тоа е отповикување на ваквата одлука, но и оставка на Иванов. Протестантите даваат јасна подршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, а освен граѓанските здруженија и движењето протестирам, како организатори, поддршка даваат и опозициските политички партии од градот.

Вечерва протестот ќе започне во 19 часот пред Основниот суд во Куманово.