Куманово утре му гостува на Академик Пловдив

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово рано утринава тргнаа кон Бугарија, каде утре на гостински терен ќе ги одмерат силите со Академик Пловдив во рамките на БИБЛ лигата.

Loading...

Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот по бугарско, односно 17 часот по македонско време.

Ова е втор натпревар на двата тима, откако на домашен терен избраниците на тренерот Владимир Мирковски веќе го совладаа Пловдив кон крајот на минатата година.

Никола Ивановски

Leave a Reply