06.04.2019 14:29

Куманово утре ја стартува битката во Супер лигата


Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 17:30 часот на домашен терен ќе ја стартуваа битката во Супер лигата од домашниот шампионат, каде за прв противник го имаат составот на актуелниот шампион Работнички.

Откако претходно во регуларниот дел од сезоната, избраниците на тренерот Александар Петровиќ завршија како шестопласирани во табелата, ќе играат против првопозиционираниот состав од Градски парк.

loading...

Во првото коло од Супер лигата освен Куманово: Работнички, ќе се сретнат и Кожув: МЗТ и Блокотехна: Гостивар.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments