Куманово стана центар на велосипедизмот преку успесите на клубот ”ВЕЛО – М” (видео)

Сподели со своите пријатели

Членови и раководството на Велосипедскиот клуб ”ВЕЛО – М” од Куманово денес беа на прием кај градоначалникот, откако во пресрет на 2016 година се презентираат и постигнатите резултати на полето на спортот и сумирање на успесите на спортски клубови и индивидуални спортисти од градот остварени во текот на годината.

Loading...

Велосипедскиот клуб ”Вело – М” од Куманово, тековната 2015 година ја заврши со освојување на сениорската ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија и освојувањето на пехарот клубски шампион, истакна денес Марјан Петровски, директор на кумановскиот велосипедски клуб.

  • Не ни е првпат да забележиме вакви успеси остварени во соработка со Општинскиот Сојуз на спортови. Скоро две децении се наоѓаме на врвот на македонскиот велосипедски спорт, со што докажуваме дека општина Куманово станува центар на македонскиот велосипедизмот. Ние не сме само успешни на национално ниво, односно остваруваме добри резултати и на меѓународен план, истакна Петровски.

Клубот години наназад бележи забележителни резултати, со што се потврдува дека вложувањето во спортот секогаш дава добри резултати, и покрај скромниот финансиски придонес од страна на општината, истакна денес градоначалникот Зоран Дамјановски.

Спортскиот директор на ”Вело – М” на приемот во општината ги истакна сите постигнати резултати на велосипедистите во текот на 2015 година, при што истакна дека клубот се бори со постигнатиот резултат на Стефан Петровски и Андреј Петровски да оствари учество барем на еден од велосипедистите на претстојните Олимписки игри што ќе се одржат во Рио де Жанеиро следната година.