Куманово против ФМП во првата фаза на БИБЛ лигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово ќе ги одмерат силите со ФМП во првата фаза на регионалната БИБЛ лига, откако денеска беше објавен распоредот за новата сезона.

Loading...

Македонија ќе има тројца претставници. Куманово и Академија ФМП се во групата А, додека ТФТ е во групата Б.

Македонско дерби меѓу Куманово и ФМП ќе има во првата фаза, во мечот кој на 12 октомври ќе се игра во салата на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.

Најдобрите четири екипи од двете групи ќе обезбедат место во следната фаза.

Инаку, кумановци активно се подготвуваат за својот прв настап сезоната во ФИБА Евро купот каде ќе се соочат со актуелниот шампион на Австрија, тимот на Сванс Гмунден. Овој натпревар ќе се одигра на крајот на месецов во Холандија.

Никола Ивановски