Куманово претрпе пораз од Гостивар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 81:88 кошаркарите на Куманово забележаа пораз од екипата на Гостивар во рамките на 7. коло од плеј-оф завршницата на домашниот шампионат.

Loading...

Гостиварци од почетокот направија солидно водство, па веќе во првата четвртина имаа позитива од 14 поени. Сепак со серија од 9:0 избраниците на тренерот Александар Петровиќ ја стопија разлиакта и поведоа со 25:24. До крајот на првото полувреме се играше кош за кош, но сепак со еден поен предност за гостинскиот состав се замина на пауза.

Највисокот водство кое го имаше домашниот состав беа 51:46 на стартот на вториот дел од средбата, но кошаркарите на Гостивар се вратија во игра и во завршната четвртина влегоа со предност од 13 поени, односно резултат 59:72.

Loading...

Последните 10 минути на паркетот Куманово немаше можност да ја достигне големата разлика која ја направи гостинскиот тим.

Во составот на Куманово најефикасен беше Мирко Ковач со постигнати 21 поен, а кај Гостивар, со 27 поени Ефианаи.

Leave a Reply