Куманово повторно изоставено од планот за изградба на социјални станови

Сподели со своите пријатели

Како што соопшти денес Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, според огласот објавен денес, ќе бидат распределени  нови 101 социјални станови наменети за социјално ранливите категории на граѓани од кои 25 од нив ќе бидат ќе бидат во општина Демир Хисар, а 76 социјални станови ќе бидат во општина Прилеп, пренесува порталот Курир.

Loading...

Огласот беше објавен пред неколку денови, а ќе трае до 16 ноември годинава.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, информираше дека право на учество имаат 7 категории граѓани кои се станбено необезбедени.

Министерот најави дека изградбата на социјални станови низ Македонија ќе продолжи и во иднина се со цел да се подигне квалитетот на живот на оние на кои им е најпотребно, но според изјавите, Куманово повторно остана без ниту еден изграден социјален станбен објект, и покрај тоа што во најавата на министерството во јануари 2014 година, беше ветено дека ќе се изградат два станбени објекти во нас. Бедиње, близу поранешната касарна, каде сега се изградени комерцијални станбени објекти.

Досега се изградени 13 згради со вкупно 660 станбени единици- во Скопје 102 стана, Охрид 71, Кичево 32, Македонска Каменица 29, Кочани 29, Крива Паланка 46, Берово 51, Кавадарци 30, Битола 78, Штип 91, Демир Хисар 25 и Прилеп 76 стана.

Во рамки на проектот за изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи ќе се изградат уште 541 станбена едница- во Бутел во Скопје 312 стана, Шуто Оризари 51, Кочани 43, Гостивар 70, Македонски Брод 10 и Тетово 55 станови.

Директорот на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор Цветко Грозданов, информираше дека е отпочната градба на зградите во Кочани и Македонски Брод, а во текот на овој месец ќе се стави камен темелник на зградата во Гостивар.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.