Куманово повторно без вода – препукувањата на претпријатијата продолжуваат

Сподели со своите пријатели

Утринава од 10 часот, поголемиот дел од граѓаните на Куманово останаа повторно без вода. Но, овој пат освен високите, и средните зони во градот имаат недостиг од вода, додека во останатите делови од градот е значително намален притисокот.

Loading...

Политиката на водоснабдителните претпријатија во градот повторно им прави штета на граѓаните. Од ЈП Водовод велат дека дотурот на вода по бајпасот е прекинат, а од Водостопанство Кумановско-Липковско поле велат дека немаат одговор за тоа што се случува со водоснабдувањето во градот.

– Последна информација што ја имаме од страна на Кумановско-липковското поле е од 30-ти јули, дека имаат дефект и дека работат на дефектот. Во моментов сите ни се недостапни од Кумановско- липковското поле за да можеме да добиеме информација за што се работи. Ако имаат проблем со дефект им стоиме на располагање со наши луѓе и механизација да излеземе на лице место и ние да го решиме дефектот за да Куманово има нормално водоснабдување – вели директорот на ЈП Водовод, Горан Стојковски.

Од „Водостопанство Кумановско-липковско поле“, го обвинуваат Стојковски за лошо распоредување на водените ресурси. Од оваа претрпијатие пак проблемот го префрлуваат во Водовод и велат дека проблемите со дотур на вода настанале откако Стојковски дошол на функцијата и од таму бараат негова оставка со изјава дека тој бил некомпетентен да ја врши работата.

– Ако ве интересира за бај пас, има вода по бај пас, ако ве интересира за вода, зошто град Куманово нема вода, одговорен е директорот на Водовод ,Горан, зашто лошо менаџира со целата состојба. Откако е дојден он има проблеми со вода во град Куманово. Ние како водостопанство одговараме за количините на водата и дотурот на вода до филтер станицата. Тој дотур е обезбеден, а другите работи се надлежност и одговорност на ЈП „Водовод“, изјави Емрља Укшини во телефонски разговор.

Укшини за наредната недела најави прес конференција преку која во јавноста ќе ги соопшти, како што вели, сите пропусти и недостатоци во ракводењето на Стојковски.

Политичките препукувања на двете претпријатија ги оставаат граѓаните на високи температури да бидат без вода за основни потреби. Нема најава дека овој проблем наскоро некој ќе го реши. Граѓаните се гневни и апелираат политиката да ја остават на страна и да им обезбедат вода која уредно ја имаат платено.

Извор: ТВ ПЛУС

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.