Куманово оди во полуфинале на Купот против Работнички (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово обезбедија полуфинале во Купот на Македонија откако вечерва во Спротската сала „Јасмин“ во Кавадарци го совладаа составот на Гостивар со резултат 85:65.

Со оваа победа Куманово си обезбеди полуфинале каде утре ќе се сретне со составот на Работнички.

 

Loading...

 

Воведните пет минути од мечот беа горе-долу изедначени, но сепак избраниците на Петровиќ водеоа со резултат 12:9. Тука слеуваше одлична серија од 5- со што кумановци направија поголемо водство од 19:11, за да кон крајот на четвртината ја постигнат и првата двоцифрена предност од 21:11.

 

 

Но, по тајм аутот на тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, Куманово не успеа да постигне поен две минути, а Гостивар ја намали разликата, па првите 10 минути завршија со резултат 26:23 за кумановци.

Вториот период предводени од Мекиќ и Јаневски „сино-белите“ се вратија во водство од 10 поени, односно 34:23 и двоцифрената позитива остана и до крајот на втората фаза па на полувреме се замина со резултат 47:37.

 

Loading...

 

Извонредно беше и второто полувреме од средбата, а пред се третата четвртина во која избраниците на Алекснадар Петровиќ остварија 23 наспроти 12те поени на гостиварци.

Последните 10 минути без многу напор екипата на Куманово оствари победа и тоа со 20 поени разлика.

Со 17 поени најефикасен во ростерот на Куманово беше Никола Караколев, со 15 Марјан Јанески, а со 13 мечот заврши за Мекиќ. Кај екипата на Гостивар со 17 брилираше Шерагиќ, а со 12 Робев.

Најдобар поентер кај Куманово беше Караколев со 17 поени, Јаневски постигна 15, додека Мекиќ заврши со 13 поени. Старо-новиот играч Бранислав Ѓекиќ реализираше 7 поени. Кај Гостивар, Шерагиќ даде 17 поени, а Робев застана на 12 поени.

 

Утре се играат двата полуфинални меча, а Куманово за противник го има составот на Марјан Докузовски. Тимот на Работнички бележи извонредна сезона во првенството, а денеска го совлада составот на Карпош Соколи.

Другата полуфинална двојка е МЗТ-Блокотехна.

Leave a Reply