Куманово објави оглас за јавна набавка за зимско одржување на улиците

Сподели со своите пријатели

Заинтересираните компании кои исполнуваат услови можат да се јават на тендерот кој го објави Општина Куманово за зимско одржување на улиците од снег. Компаниите можеа да поставуваат прашања до денеска, а да ги достават понудите најдоцна до 19-ти октомври, годинава.

Loading...

Покрај општите услови, компаниите кои ќе аплицираат треба да поседуваат специјални возила, меѓу нив, камиони, со различна јачина, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер. Меѓу главните критериуми за избор за фирмата е цената. Период на важност на понудите е 90 дена.

Минатата година, за зимско одржување од општинскиот буџет беше предвидено да бидат одвоени околу девет милиони денари. Покрај градот кој ќе го чисти од снег, компанијата која ќе биде избрана е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply