Куманово му оддаде последна почит на борецот Спиро Зафировски (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановци денеска се простија од првоборецот и учесник во Народно ослободителната борба Спиро Зафировски, кој вчера почина на во 91-та година од животот.

Последна чест на неговото вечно почивалиште освен семесјтвото, му оддаде и Сојузот на борци од Куманово чиј претседател и член беше Зафировски, пријатели, роднини, претставници на Армијата на Република Македонија, Советот на Општина Куманово, како и Здружението на армиски и полициски ветерани и многу блиски луѓе на овој голем човек.

 

Loading...

DSC_0003

 

За улогата која дедо Спиро ја одиграл во историјата на градот и неговото ослободува, говореше Благе Јакимовски, член на Сојузот на борци од Куманово.

 

DSC_0001

 

На 11 ноември 1944 година Зафировски со својата бригада влегол во ослободено Куманово, но подоцна активно се вклучил и во изградбата на повоена Македонија во рамаките на СФРЈ, извршувајќи повеќе функции, за што има добиено повеќе медали, ордени и признанија.