Куманово меѓу трите градови со најголемо количество наврнат дожд

Сподели со своите пријатели

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на вчерашниот ден, во Куманово наврнаа 38 литри дожд на метар квадратен што предизвика поплава низ градските улици.

Loading...

12003395_893198644101701_7606772209555204391_n

Најмногу дожд наврна во Пожаране каде се измерени  57 литри на метар квадратен, во Претор 42, додека во Дебар е измерена најмала количина и тоа 8 литри на метар квадратен.

Во налетот на есенските дождови и можноста од поплави, Општина Куманово од сабота започна со интензивно чистење на речните корита на трите реки, т.е Кумановка, Липковка и Којнарка, со цел да биде спречено евентуално излевање од речните корита во населени места.

Метеролозите и за денес најавуваат нови, но не толку обилни врнежи.

Фото: Кумановасот

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.