Куманово ќе светне во новогодишно руво

Сподели со своите пријатели

По две години централното градско подрачје на Куманово ќе се украсува во пресрет на новогодишните празници. За оваа намена ќе се одвојат 3 милиони денари.

Loading...

Но, овој пат општината ќе се украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се  користат и наредните години.

За оваа цел советниците на последната седница изгласаа измена на програмата за работа на јавното претпријатие Куманово Паркинг, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари.

Точката предизвика дебата бидејќи дел од советниците прашаа дали е време во енергетска криза да се размислува за новогодишно украсување.

Директорот на јавното претпријатие Куманово паркинг посочи дека овие украси ќе се користат и за наредните години, а градот овој пат нема да одвојување средства само за изнајмување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

– Ние во овој период разгледуваме како тие украси да останат во градот, наредните години да се збогатуваат, да ги имаме за нас, нема да ги потрошиме за да некој ги донесе, украси и си ги земе. Сметаме дека тоа би било трошење пари во ваква криза, а со купување и одржување за наредната година тие пари нема да бидат фрлени туку употребени и наредната година. Овие средства се и малку, но се доволни за почеток да почнеме да го украсуваме централното подрачје, плоштадот и местата во кои поминуваат најмногу кумановци, рече Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Куманово паркинг“.

И градоначланикот на Куманово смета дека парите нема да се фрлат во празно, бидејќи опремата ќе се користи и наредните години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Тој појасни дека средствата за украсување лани беа вложени во енергетско ефикасни проекти, а претходната година градот не беше осветлен поради пандемијата.

Loading...

– Да не ги оставиме кумановци трета година по ред без украсување. Додека гледаа и одеа да се сликаат во Скопје како е прекрасно украсено и во другите градови во Македонија. Ние тие пари нема да ги фрлиме во празно, таа опрема што ќе се купи, ќе се користи и следната година и дополнително ќе се надоградува и така се работи домаќински, изјави градоначалникот Димитриевски.

Во моментот, според градоначалникот, има средства во буџетот за таква намена и тие украси ќе останат на ЈП „Куманово паркинг“ и за следните години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Изминатите години се трошеле околу 2,5 милиони денари за украсување, по што фирмите ангажирани за поставување на украси потоа си ги земаат назад бидејќи се нивна соственост, појасни Димитриевски.

Затоа оваа година ќе се додадат уште половина милион денари и тие украаси сама ќе ги набави општината, а монтирањето и демонтирањето, како и трошокот за осветлување ќе одат на сметката на компанијата партнер за јавно осветлување на градот.

Никола Ивановски