Куманово ќе одвои над 12 милиони денари за внатрешно уредување на спортската сала

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе одвои над 12 милиони денари за внатрешно уредување на спортската сала, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Општината објави оглас на кој од трите понуди е избрана кумановска компанија „Мастер ДООЕЛ” за санација на внатрешноста на салата.

Според договорот објавен на електронскиот систем за јавна набавка, вредноста на склучениот договор со вклучен данок на додадена вредност е 12.289.727, 32 денари. Според објавеното ќе се менува подот во салата, ќе се набават спортска опрема и реквизити.

 

 

Кон крајот на декември, лани заврши санацијата на кровната конструкција на спортската сала која се спроведуваше преку проект од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој од 2020 година со учество на општина Куманово.

За проектот беше потпишан договор за градба, средствата во вредност од 23.430 000 денари беа обезбедени преку програмата, а општината учествува со 830.000 денари, соопштија претходно надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Loading...

Кумановскиот градоначалник, претходно информираше дека спортската сала ќе се реконструира постепено во неколку фази, согласно обезбедените средства. Спортската сала е еден од четирите големи објекти кои Владата ѝ ги врати во владение на општина Куманово.