Куманово ќе додели милион денари за Сирија и Турција

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово на денешната вонредна седница донесе одлука да додели милион денари помош за Турција и Сирија кои вчера беа погодени од разорен земјотрес.

Loading...

Средствата во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави.

– Се задолжува Градоначалникот на Општина Куманово да спроведе уплата на наведените средства на жиро – сметки кои ќе бидат добиени од официјалните дипломатски претставништва на двете држави, стои во одлуката.

Според претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, овие средства се многу мали, но значајни.

– Од исклучително значење според мене, материјалните средства кои за нас се многу битни, а за ваква катастрофа се минорни, од исклучително значење е да бидат дадени во право време, навремено брзо да реагираме и на населението и во места каде е најнеопходно и утринава стапивме во контакт со амбасадите на Турција и Сирија и побаравме жиро сметка на која може да се донираатовие средства и сме во тек со процесот, рече Ѓорѓиевска.

Со Ѓорѓиевска, и советничката Елена Доцевска Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ упати сочувство до настраданите и нивните семејства.

– Посакувам во вакви мигови општина Куманово да беше финансиски помоќна и денеска да доделевме повеќе средства на тие што страдаат деновиве. Но, некогаш гестот на пружена рака е поголем од тоа колку таа рака пружа.

Одлуката беше изгласана едногласно од сите присутни членови на Советот.

Loading...

Никола Ивановски

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.