Куманово ќе добие Ковид центар за есенскиот бран на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Куманово и уште 15 други општини во државата ќе добијат Ковид- центар како подготовка за есенскиот бран на коронавирусот.

Целта според надлежните е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот, без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Loading...

Ковид центрите ќе бидат дополнителни времени капацитети, односно монтажни болници.

Освен кумановската болница, вакви центри ќе добијат и болниците во Гевгелија, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *